За прв пат на официјален меч покажан син картон

Првпат промовиран синиот картон на официјален меч

Словенечкиот судија Давид Сок дури два пати покажа син картон во последните 60 секунди од натпреварот помеѓу Франција и Алжир.

Двата картони беа за репрезентативци на Алжир, што автоматски значи дека Амине Бенанибиа и Софијан Темам добиваат по еден натпревар суспензија. Алжир водеше со 25-24 до последната минута од натпреварот, но Франција со два гола во финишот направи пресврт и дојде до победата.

Синиот картон се употребува како за проба на ова младинско Светско првенство, а се покажува со намера за автоматска суспензија на ракометарот на еден натпревар, обично за груби прекршоци во последните моменти од натпреварите.