За прв пат во Британија лекари помогнаа да се жена да се убие

Нина Адемовќ страдала од ретка серцева болест, а првиот пејсмејкер го ставила во далечната 1996 година. Десет години подоцна таа имала срцев удар, но до 2014 година нејзиното срце работело со помалку од 10% капацитет.

Адемовиќ во јануари 2015 година за БиБиСи ја објаснила својата желба да го прекине својот живот.

„Навистина верувам дека имам право да одлучам дали сакам пејсмејкер или воопшто не“, вели оваа жена на своите 71. година.

„Чувствувам дека постои живот и смрт, исто како двете страни на паричката. Би сакала да видам што има на другата страна. Не сакам да умрам, јас веќе умирам“.

Нејзиниот доктор, чие име сеуште не е познато, заедно со етичкиот комитет на болницата одлучиле, по многу медицински испитувања и психолошки тестови, да го исклучат нејзиниот пејсмејкер.

Од друга страна многу активисти се загрижиле за моралните и правните последици на овој случај, кој е илегален во Велика Британија, што значи нејзините доктори можат да бидат и кривично гонети.

Нина Адемовиќ по националност е од Полска која живеела во Британија цели 30 години.

Еутаназија како и асистирано самоубиство се се уште илегални во британската легислатива.

Во зависност на околностите, еутаназијата се смета како убиство од небрежност или убиство и се казнува со доживотна казна затвор.

Асистирано убиство е исто така илегално и потпаѓа под условите на самоубиствениот акт и се казнува со 14 години затвор. Обидот за самоубиство не е криминален акт сам по себе.