За прв пат во Македонија извршена операција на рбетен деформитет

За прв пат во Македонија, пред два дена е извршена операција на рбетен деформитет- скулиоза со нова метода. Интервенцијата е направена кај 15-годишна пациентка, која се наоѓа во добра состојба.

Досега за овој вид операции пациентите се праќаа во странство, каде цената на операцијата чини од 35 до 50 илјади евра.

Отсега, пациентите нема да треба да патуваат во странство, бидејќи оваа операција во Македонија ќе ги чини околу 5 до 7 илјади евра.

Никола Тодоров, министерот за здравство, потенцираше дека оваа метода е особено значајна за младата популација, бидејќи овозможува корегирање на деформитетите во најрана можна возраст- од 14 до 15 години.