Македонија

За прв пат во Македонија ќе бидат изложени моштите на Св.Кирил

За прв пат во Македонија ќе бидат изложени моштите на Св.Кирил

На празникот на словенските апостоли и просветители Св. Кирил и Методиј (24 мај), во Македонија првпат ќе бидат изложени моштите на Св. Кирил.

Единствените мошти на Св. Кирил во земјава ќе бидат изложени во Католичкиот храм во Богданци за време на светата Архиерејска Златоустова литургија.

Свети Кирил почива во базиликата „Свети Климент“ во Рим, а ова е еден од ретките сертифицирани примероци од неговите мошти.