За прв пат во Штип, крстот се фрлаше во Брегалница од камениот мост

24.годишниот Мите Костов го фати крстот во Ново Село, а 30. годишниот Горан Јовановски кај камениот мост во Штип. Костов кој беше еден од учесниците, по втор пат го фаќа крстот во Ново Село. Прв пат во 2008 и сега повторно. Очекува здравје, среќа и љубов. Од градоначалникот прим.м-р Илчои Захариев доби таблет а од Брегалничката епархија Икона и Библија, пренесува „1.мк“.

Фрлањето на крстот кај камениот мост привлече многу народ, затоа што за прв пат наместо на градскиот базен, крстот се фрлаше од Емир Ќучук султановиот мост во реката Брегалница:

krst12

– Драго ми е то ја возобновивме традицијата и наместо на базенот, Светиот крст се фрла во водите на Брегалница како што тоа го правеле светите браќа Кирил и Методиј – изјави Митрополитот на Брегалничката епархија, Иларион, пренесува „1.мк“.

Градоначалникот на Штип е задоволен од одзивот на граѓаните и од возобновувањето на традицијата:

– Како што во реката на Брегалница се крштевале Пеонските кралеви и како што Свети Кирил и Методиј го правеле тоа во водите на Брегалница, денес сме сведоци на враќање на традицијата. Нема подобро место да се направи овој свет хртистијански чин од водите на Брегалница. На оние кои го фатија крстот им посакувам здравје, среќа и успех а на штипјани уште многу години да го одбележуваат Богојавление на ова место.

krst123

Најбрз од 30.тината момчиња кои скокаа во Брегалница кај камениот мост беше 30.годишниот Горан Јовановски. Тој пет пати до сега учествувал но оваа година за прв пат му успеа да биде најбрз:

– Очекувам здравје, љубов среќа. Ете, од петти пат ми успеа да го фатам крстот.