За првпат саем посветен на проектот „Купи куќа, купи стан“

За првпат саем посветен на проектот „Купи куќа, купи стан“, а настанот ќе се одржи во Skopje City Mall од 24 до 28 октомври. На едно место граѓаните ќе можат да да ги добијат сите потребни информации и да ги остварат сите контакти за проектот кој дава и до 14.000 евра неповратни средства за купување нов дом.

Министерството за финансии, банките и градежните компании ќе ги запознаат граѓаните со условите на „Купи куќа, купи стан“ и понудата на станови и куќи на пазарот на недвижности. Граѓаните ќе можат да се консултираат со луѓето од Министерството за финансии лично и да се посоветуваат кој модел од проектот најмногу им одговора и кои чекори треба да ги преземат за да аплицираат. Посебни повластици и попусти корисниците на проектот ќе добијат од компании за мебел, бела техника и осигурување, кои сакаа да дадат поддршка на иницијативата.

„Купи куќа, купи стан“ е добра шанса, а овој настан е одличен начин да се искористи шансата.