За Пучдемон Каталонците мора да можат да се изјаснат за членството во ЕУ

Членството во Европската унија е „олука која мора да ја донесе каталонскиот народ“, оцени отстранетиот каталонски претседател Карлес Пучдемон кој ја заговара независноста на оваа шпанска покраина и чиишто остри изјави на сметка на двојните стандарди на ЕУ во понеделникот подигнаа бура во спротиставениот табор.

„Можеби нема многу луѓе кои сакаат да бидат дел од Европската унија на господин Јункер (претседателот на Европската комисија) и на господин Тајани (претседател на Европскиот парламент)“, изјави каталонскиот челник Карлес Пучдемон за мрежата во неделата навечер.

Според пишувањето на каталонскиот дневен весник La Vanguardia, Пучдемон слични изјави дал и за израелската јавна мрежа Canal 1 Kan, за емисија која се емитува во понеделникот.

„Приврзаник сум на ЕУ, приврзаник сум еврото и ќе работам на промени на ЕУ, на јакнење на еврото, но, во прв ред, како што веќе рековме, таа одлука мора да ја донесе каталонскиот народ“, изјави челникот на приврзаниците на независноста на Каталонија.

Неговите изјави во понеделникот предизвикаа остри реакции на неговите противници, додека трае предизборната трка за изборите во Каталонија кои владата во Мадрид ги распиша за 21-ви декември откако го поништи референдумот за отцепување од 1-ви октомври и ја суспендираше автономијата на покраината преземајќи го управувањето со нејзините институции. Од септември 2015 година повеќето жители на оваа покраина гласаа за отцепување од Шпанија.

„Бесмислено е да се тврди дека Каталонија мора да ја напушти ЕУ, мислам дека ЕУ е дел од светот со најголем степен на демократија, слобода и човекови права. Сето тоа е неумесно“, реагираше во понеделникот шпанскиот премиер Маријано Рахој.

Претседателот на партијата од десниот центар Граѓани (Ciudadanos), Алберт Ривера, отиде дури дотаму што го спореди Пучдемон со француската европскептична лидерка на крајната десница, Марин Лепен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.