За „Пуч“ има признанија и јасна пресуда

Новинарот Бобан Нонковиќ во синоќешното гостување во емисијата „Јади бурек“ истакна дека СДСМ е опозиција во дебела сенка, токму поради своето однесување. Со ваква политика тешко е дека во догледна деценија ќе бидат на власт, додаде тој.

Нонковиќ рече дека Заев постојано ги менува ставовите за тоа колку граѓани се прислушкувани.

-Ние имаме признание од Верушевски преку неговиот адвокат дека тој во распитот пред Обвинителство кажал дека не негира дека тој го урнал системот, односно пенетрирал во безбедносниот сектор и прислушните апарати. Како успеал? Преку петто и шесто обвинетиот, од кои еден е и веќе осуден. Има јасна пресуда, човекот веќе лежи во затвор и од тоа треба да тргнеме. Не да слушаме што кажува ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за случајот „Пуч“. Ние имаме јасна пресуда, рече Нонковиќ.

За време на распитот, осудениот открива детали околу истрагата.

-Само ова досега е релевантно и треба да тргаме од тоа. Да почитуваме пресумпција на невиност затоа што уште не е започнат судскиот процес, ниту има правосилна пресуда за другите. За овој случај никој не се жали на Апелација затоа што тој се договорил со обвинител и го признал делото, коментира Нонковиќ.

Во врска со очекувањата од судскиот процес, Нонковиќ вели дека на Верушевски 9 ипол часа му се читале доказите и дека тоа е доволно за да замислиме што ќе донесе правната разрешница.

-Токму затоа веќе имаме сериозна загриженост и невнимание од страна на опозициските следбеници, па и предводници на Заев кој најави дека може друг аргумент да се потегне во целава оваа приказна, ако не постои договор. Заев се закани отворено дека ќе има друг начин како ќе се расчисти оваа работа ако нема политички договор. Тој како четвртоосомничен во случајот бара политички договори преку некои свои меѓународни контакти, посредници, па меѓу другото и во Брисел на овие тројки, објасни Нонковиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.