За пуста власт СДСМ им ветува на Албанците двојазичност и федерализација на Македонија

Сведоци сме на историско велепредавство на Македонија. Државата создавана со векови СДСМ ја продава на панаѓур, во чајџилници, на сокаци, во штабови.

Висока е цената, но на личните интереси за кои раководството на најголемата опозициска партија и на неколку часа пред официјалниот почеток на предизборната кампања широкоградо им ветува на Албанците брда и долини, двојазичност и федерализација на Македонија.

sdsm-albanci-1

Со денови теренските посети на СДСМ се одвиваат во албанските села: се отвораат штабови, се веат албански знамиња, се разговара со граѓаните.

Шеќеринска, која е носителка на листа во ИЕ 5, е неуморна во Кичевско, Петре Шилегов, кој е носител на листа во ИЕ 6, активен е низ Гостиварско и Тетовско, Едмонд Адеми и Мухамед Зекири, членови на ИО и ЦО на СДСМ, Стево Пендаровски, кој е носител на листа во ИЕ 1, и секако лично Зоран Заев, иако е носител на листа во ИЕ 4, објавува неделникот „Република“.

sdsm-albanci-10

Вечерва Заев присустуваше на отворање на штаб на СДСМ во Кондово, а заедно со Адеми и Пендаровски ја посети и општина Сарај.

sdsm-albanci-15

Она што го зборуваше Заев за двонационален идентитет уште во првото (и последно) интервју дадено за „Република“ непосредно по стапувањето на функцијата претседател на СДСМ, иако сопартијците се обидоа да го прикажат како „грешка“ поради струмичкиот дијалект на својот лидер, сега е кристално јасно дека изјавата за „двонационален идентитет“ воопшто не била надвор од неговата агенда.

sdsm albanci

СДСМ веќе на крие дека Заев им дал „беса“ на албанските партии, на албанската дијаспора, но и на Албанците во Република Македонија и дека враќање нема – нивната агенда за реализирање на големоалбанскиот сон е и негова агенда, СДСМ на овие избори се бори да ја уништи Македонија.

silegov

Според ветувањето на Заев, идната федерализација или кантонизација на државата, чиешто име дополнително ќе се одредува, има три фази, кои етапно ќе се воведуваат во следните неколку години.

Прва фаза

Со првата фаза е опфатена воведување на целосна двојазичност на целата теротироија на државата. Односно употреба на албанскиот јазик како официјален јазик, пред сѐ во безбедносниот сектор и во институциите, во полицијата и во армијата.

Обраќањето на Заев пред албанската дијаспора во Берн предизвика лавина од реакции кај македонската јавност. Заев и пред албанската дијаспора отворено говори за еднаквоста при употреба на јазиците, односно воведување на двојазичност на целата територија на Република Македонија.

-Јас сум истиот Зоран Заев, кој што ја отвори јавно употребата на јазиците во Македонија и еднаквоста и рамноправноста во државата. Јас сум истиот тој што го гледавте и по Фејсбук и по телевизии кој отвори штабови во Арачиново и Чегране. Македонија ја замислувам, ако знаеме кинекси, кинески да се разбереме, ако знаеме англиски, англиски да се разбереме, француски-  француски, албански- албански, македонски- македонски, да се ослободиме, рече Заев.

Втора фаза

Во втората фаза е предвидено поделба на државата по федерални единици, кантони, односно развивање на општините во „понапреден систем на самоуправување“. Во оваа фаза би требало да се одвива и административно поврзување на федералните единици.

zaev_albansko-zname
Во своето обраќање Заев се осврна и на Охридскиот рамковен договор, за кој вели дека “мора да се оди преку него“ доколку сме верувале во “еднаквоста и рамноправноста“. Заев нагласи дека Рамковниот не бил доволен и требало да се напуштат рамките.

-Охридскиот рамковен договор не е договор. Мора да одиме преку Охридскиот рамковен договор, оти тој е рамка некоја. Зошто во 21- век, 25 години независна Македонија да има рамки на ограничување. Не, ќе веруваме во еднаквоста и рамноправноста и ќе му помогнам на мојот сограѓанин Албанец, вели Заев.

Дека Заев е свесен дека двојазичноста води кон федерализација, и дека знае што тоа може да предизвика, потврдува и изјавата на првиот човек на албанската дијаспора Муса Љамалари.

Трета фаза

Третата фаза од распадот на државата е отцепување на делови преку локани референдуми на шесте кантони и нивно припојување кон соседни држави. Намерата на Заев, не е нова, тој го подготвува теренот за ова сценарио подолго време.

zaev zekiri verusevski

Што значи редефинирање на државата?

silegov

Она што Заев им го ветува на Албанците, Шилегов, Шеќеринска, Пендаровски и Адеми подробно им го објаснуваат. И тие како и партискиот лидер се залагаат за доспроведување на процесот за поделба на земјата до степен на неповратност. Тоа што со нивниот речник е „редефинирање“ на унитарниот карактер на државата, значи воведување на двојазичност, па федерализација и потоа отцепување на државата со можност за приклонување кон соседни држави.

Според ветувањето на Заев, идната федерализација или кантонизација на државата, за чиешто име дополнително ќе се одредува судбината, има три фази, кои етапно ќе се воведуваат во следните неколку години. Двојазичноста е само прва од трите фази на федерализацијата заедно со кантонизацијата и федерализацијата, како преоден пат кон отцепување на делови од Македонија.

Тоа што сега го зборува Заев, а Шилегов „пластично им го доловувал“ на Албанците во Тетовско, значи воведување на целосна двојазичност на целата теротироија на државата, односно употреба на албанскиот јазик како официјален јазик, пред сѐ во безбедносниот сектор и во институциите, во полицијата и во армијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.