четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 9

За различни кривични дела во Србија уапсени 360 лица

Припадниците на полицијата заплениле 167 килограми наркотици: кокаин, хероин, хашиш, марихуана и екстази

hapsenje-mup-prinskr

Поврзани вести

Поради различни кривични дела во голема полициска акција во Србија се уапсени 360 лица, а во соработка со обвинителствата пријави се поднесени против уште 202 лица, изјави во неделата српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.

Полициската операција под кодното име „Ареас“ била спроведена во 27 општини и градови.

Министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ на прес-конференција истакна дека меѓу кривичните дела за кои се осомничени уапсени се наовластеното производство и продажба на наркотици, обиди за убиства, силувања и недозволени сексуални дејствија, искористување на малолетни лица за порнографија, злоставување и тортура, изнуди, грабнувања, разбојништва и тешки кражби.

Припадниците на полицијата заплениле 167 килограми наркотици: кокаин, хероин, хашиш, марихуана и екстази, како и три лаборатории за производство на марихуана.

Во акцијата се одземени 29 пушки, од кои четири автоматски, 30 пиштоли, еден килограм експлозив, шест бомби и повеќе од 3.000 парчиња разна муниција, како и 19 возила и повеќе компјутери и материјали кои сведочат за педофилија.

Стефановиќ претходно за телевизијата ТВ Пинк изјави дека полицијата повеќе месеци следела одредени криминални групи и поединци.

Најчитани вести