За Ред Бул сезоната во Ф1 почнува два месеца порано

Светскиот шампион во Формула 1, Себастијан Фетел (Ред Бул) не е задоволено од новиот болид и не верува дека има шанси да ја заврши првата трка сезонава, што ќе се вози за ГН на Австралија на 16 март . Германецот призна дека неговиот тим доцни два месеца со подготовките на болидот и дека во Мелбурн би можел да освои бод само доколку повеќе од половина возачи не ја завршат трката.

Дека не се подготвени за трката во Австралија призна и советникот на тимот Австриецот Хелмут Марко.
“Заостануваме два месеца или пак отварањето на сезоната доаѓа два месеца порано за нас . Проблемот е исклучително голем и сложен. Не знам колку време ќе ни биде потребно за да ја анулираме предноста на конкурентите за титулата. Никој не знае дали тоа воопшто е можно “ , изјави Австриецот.