За регионални проекти ќе бидат обезбедени околу 3 милиони евра од Владата

Владата ќе обезбеди околу 3 милиони евра кои што ќе бидат распределени по повикот за финансирање на проекти за развој на планските региони. Денеска се одржа 16-та седница на Советот за рамноправен регионален развој на која беа распределени финансиските средства по однос на повикот за финансирање на конкретни проекти за развој на плански региони.

Владата во континуитет ја реализира политиката за рамноправен регионален развој со која се придонесува за развој на осумте плански региони и се балансира развојот помеѓу општините кои се дел од регионите и помеѓу одделните региони.

На денешната седница беше донесен Акционен план за проведување на активности од Стратегијата од периодот 2016-2018 година, како и беше усвоен извештајот за спроведување на Акциониот план за спроведување на Стратегијата за регионален развој во периодот 2013-2015 година.

Во однос на средствата кои се распределени по повикот за финансирање на проекти за развој на планските региони, на денешната седница се распределени приближно 180 милиони денари или околу 3 милиони евра за 28 конкретни проекти доставени до Центрите за развој на осумте плански региони. Притоа, запазен е законскиот критериум со кој најразвијниот скопски регион доби 7,2% од вкупните финансиски средства, додека најнеразвиоениот Североисточен регион се доделени 17,3% од вкупните финансиски средства или околу 500.000 евра, појасни вицепремиерот Владимир Пешевски.

На овој јавен повик најголем дел од проектите, околу 80%, се инфраструктурни проекти.

Станува збор за проекти, со кои ќе се гради или реконструира локалната патна инфраструктура во пет региони, ќе се гради инфраструктура во две локални индустриски зони во Велес и Неготино, ќе се уреди јавен простор за паркови во три региони, ќе се модернизира регионалниот пазар за стоки во Пелагонискиот регион, ќе се изведуваат комунални инфратруктурни проекти во три региони, а ќе се изврши и адаптација и санација на Занатскиот дом во Куманово, додаде Пешевски.

Во три плански региони ќе се реализираат проекти за развој на туризмот, а во два региона ќе се проведат проекти за подобрување на условите за живот и заштита на животната средина.

Финансиските средства  од страна на Владата на Република Македонија за конкретни проекти за развој на планските региони од година во година се се’ позначајни. Во споредба со 2014 година кога изнесуваа околу 700.000 евра и во 2025 година кога изнесуваат околу 1 милион и 500 илјади евра, оваа година се веќе околу 3 милиони евра, односно се зголемени за 4 пати во споредба со 2014 година, истакна Пешевски.

Програмата за регионален развој е само една од програмите со кои се обезбедуваат еднакви услови за развој на регионите кои ги подобруваат условите за живот на сите граѓани.

Би сакал да се осврнам на регионалните центри вклучувајќи ги и самите општини кои што можам да констатирам дека се целосно екипирани во смисла на капацитети кои што се потребни за нивно функционирање. Од самите центри добиваме се поквалитетни проекти кои се повеќе имаат регионален карактер, а тоа ја потврдува и соработката меѓу самите општини, истакна министерот за локална самоуправа Лирим Шабани.

Владата на Република Македонија со превземените позитивни измени и активности придонесува за се поголема независност на самите Центри.

Со измените во законот одреден процент за менаџирање ќе останат во самите Центри и нема да се врќаат во буџетот на министерството, односно Владата. Исто така при евентуални заштеди, нема потреба да се врќаат кон централниот буџет и тие средства ќе останат за Центрите и општините со тие средства следен проект, додаде Шабани.

Владата на Република Македонија е посветена на реализацијата на Стратегијата за рамноправен регионален развој во таа насока ќе продолжи да го поттикнува рамноправниот регионален развој, континуирано ќе го подигнува стандардот на живеење на граѓаните и на тој начин ќе обезбеди побрз и стабилен економски развој на Република Македонија.