За Роухани самитот во Сочи за Сирија е „вистински чекор во вистинско време“

Трилатералната средба на врвот во руското црноморско летувалиште Сочи одржана во текот на седмицата на челниците на Русија, Турција и Иран била „вистински чекор во вистинско време“ за стабилноста во Сирија, му порача во саботата иранскиот претседател Хасан Роѕухани на својот сириски колега по должност Башар ал-Асад.

Рускиот претседател Владимир Путин во средата ја доби поддршката од претседателите на Турција и на Иран, Реџеп Тајип Ердоган и Хасан Роухани, Русија да биде домаќин на сирискиот мировен конгрес, со што Москва ја зема централната улога во дипломатските напори за завршување на граѓанската војна во Сирија започната во март 2011 година, а во која по руската интервенција навестува победа на сирискиот претседател Башар ал-Асад.

„Самитот во Сочи беше вистинскиот чекор во вистински време“, го цитира во саботата иранската државна новинска агенција IRNA претседателот Роухани во разговорот со најголемиот сојузник на Техеран на Блискиот исток.

Роухани истакнал дека националниот конгрес на кој би се одржале средби меѓу претставниците на владата во Дамакси и сунитската опозиција, би можел да биде „чекор кон стабилноста и сигурноста на Сирија“.

Иран со Сирија потпиша големи економски договори, што на Западот се толкува како скапа награда за помошта на ал-Асад во борбата против вооружените бунтовници и ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава и другите џихадистички групи блиски на терористичката мрежа Ал Каеда.

„Техеран е подготвен да преземе активна улога во обновувањето на Сирија“, додал иранскиот претседател.

Во шестгодишниот граѓански конфликт кој започна како граѓанска војна помогната од сунитските соседи на Сирија кој се претвори во безмалку регионален судир, загинале неколку стотици илјади луѓе а милиони се внатрешно и надворешни раселени, создавајќи ја со тоа најголемата бегалска криза до Втората светска војна.

Тројцата споменати челници во заедничкото соопштение од Сочи ги повикаа сириската влада и умерената опозиција „конструктивно да учествуваат“ во работата на планираниот конгрес кој ќе се одржи во овој град, но сѐ уште не е познат датумот.

 

Саудиското противење и тајните врски со Израел

Саудиска Арабија, чијашто монархија го практицира ригидниот облик на вехабитскиот ислам, е најголемиот ривал и непријател на шиитски Иран, во средата исто така одржа средба на сириската сунитските опозициски групи, во луксузниот хотел во Ријад.

Официјален Дамаск од почетокот на сирискиот конфликт ја обвинува Саудиска Арабија дека преку нејзината тајна служба, како и на соседните сунитски држави од регионот, го организирала почетокот на војната во оваа земја вооружувајќи ги опозициските и терористичките групации.

Изминатите седмици нараснаа тензиите во регионот меѓу Саудиска Арабија и Иран. Саудискиот престолонаследник во четвртокот во разговорот за весникот The New York Times го прозва врховниот ирански водач ајатолоахот Али Хамне како „Адолф Хитлер на Блискиот исток“.

И Израел, исто така, го гледа Иран како најголема закана по неговата безбедност во регионот, а еден од израелските министри претходно во ноември откри дека неговата држава е тајно во врска со Ријад.

„Многу е чудно што држава од регионот ја смета иранската нација за непријател, а ционистичкиот режим за свој пријател“, ги коментирал овие изјави иранскиот претседател Роухани во телефонскиот разговор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.