За ручек подгответе јунешки гулаш

Потребни состојки

Масло
700 гр. исечкан кромид
1 кг. јунешко, најдобро од плешка
малку сечкана пушена сланина
малку црвен пипер
црн пипер
1 лажица вегета
неколку шери домати
2 дл црвено вино
1 ловоров лист
малку ким
1 дл сок од портокал

Подготовка:

Загрејте го маслото и додадете го исечканиот кромид. Кога кромидот ќе се пропржи, додадете го јунешкото месо исечкано на коцки, мешајте додека добро да се пропржи за да испари сокот од месото се додека не поцрвене. Во тоа додадете пушена сланина, црвен пипер,црн пипер, вегета, домати шери, доматно пире и измешајте. Подоцна додадете вино, ловоров лист, малку ким и сок од портокал.Се добро измешајте и варете го околу еден ипол час додека месото не се свари.Повремено мешајте и ако е потребно додавајте малку вода.
Со гулашот послужете њоки, кнедли, макарони или шпагети.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.