За ручек подгответе вкусни пилешки ќебапчиња

За денешниот ручек Ви предлагаме одлични ќебапчиња од пилешко месо со зачини и сланина.

Потребно:

750 гр пилешко месо (копан со надкопан, бидејќи белото месо е суво)

250 гр сланина

1 јајце

Половина китка магдонос

2 чешниња лук

Сол и бибер

Масло за јадење

Подготовка:

Сомелете ги пилешкото месо и сланината убаво. Потоа, додадете ги лукот, јајцето, ситно сецкан магдонос и зачинете по вкус.

Со намастени раце формирајте ќебапчиња, а потоа оставете ги половина час да одстојат во фрижидер.

Пржете ги на грил тава, послужете со помфрит и свежа салата.