За ручек експрес пица и црно-бел колач за десерт

Состојки:

300 гр. брашно

1 квасец

100 мл млака вода

млеко по потреба

1 лаж. шеќер

1 лаж.сол

1 лаж масло

1 јајце

150 гр. салама

150 гр.сланина

7 парчиња ајдамер

150 гр. кечаб

1 лаж. оригано

Подготовка:

Растворете ги квасецот и шеќерот во млака вода. Во брашното додадете ги солта, јајцето, стасаниот квасец, маслото, млекото по потреба.Кога ќе се замеси, тестото се остава 20 мин.

Стасаното тесто размесете го и развлечете го во голема тава. На развлеченото тесто наредете кечаб, салама, сланина, листови ајдемер и оригано.

Во добро загреана рерна ставете ја пицата 10 мин, да се пече само долната кора, додадете го филот и печете уште 5-7 мин. на 200 степени.

crno bel kolacЦРНО-БЕЛ КОЛАЧ

Подготовка:

КОРИ:

6 јајца

6 лаж. шеќер

6 лаж. брашно

2 лаж. какао

4 лаж. масло

ФИЛ

250 гр слатка хопла

пудинг со вкус на ванила

250 мл. млеко

100 мл. шеќер

ПРЕЛИВ

100 гр. чоколада

50 гр. маргарин

Подготовка:

КОРИ: Изматете ги јајцата со шеќер, додадете ги маслото, какаото и брашното измешани со пециво. Испечете две кори или една па поделете ја на половина. Кората печете ја на 200 степени, 25 мин.

ПРЕЛИВ: Испечените кори прелијте ги со чоколадно млеко и оставете да се оладат. Потоа секоја кора прелијте ја со истопена чоколадо со маргарин.

ФИЛ: Изматете ја хоплата па соединете ја со сварениот и оладен пудинг, а пудингот сварете го со 250 гр. млеко со шеќер. Изматениот фил прелијте го преку корите. Одозгора филувајте според желба.