За ручек, јунешки шницли во кромид и полнети јаболки со мед

Состојки:

1 кг јунешки шницли
3 главици кромид
4 чешниња лук
1 лаж. вегета
1 лаж. црн пипер
300 мл. цвено вино
3-4 лаж. брашно
100 мл. масло
2 лаж сенф
1 лаж сув зачин
2 лаж. крупна сол за омекнување на месото
2 лаж. црвен пипер

Подготовка:

Шницлите добро исчукајте ги, намачкајте ги со крупна сол, сенф и малку масло. Оставете да отстои на студено барем еден час. Секоја шницла увалете ја во брашно и пржете ја на масло додека не се вцрвени. Извадете ги шницлите, а во тој зејтин издинстајте го кромидот, а потоа додадете го и лукот. Тргнете од оган и додадете го црвениот пипер, зачинот, вегетата и биберот. Вратете на рингла и на кромидот наредете ги шницлите. Прелијте ги со вино и на тивок оган пуштете винотот да се вари.Послужете со пире и освежувачка салата.

jabolkaПОЛНЕТИ ЈАБОЛКИ СО МЕД

Состојки:

4 јаболки

100 гр. суви сливи

50 гр. ореви

2 лаж. џем од кајсија

1 лаж. цимет

1 лаж. мед

1 лаж. бело вино

20 гр. маргарин

Подготовка:

Излупете ги јаболките и извадете ја средината. На дното на јаболките ставете суви сливи, па потоа полнете ги со фил.

Подготовка на фил: Ситно исечкајте 150 гр. суви сливи, 50 гр ореви и измешајте ги со 2 лаж. џем од кајсии. Наполнетите јаболки прелијте ги со прелив.

Подготовка на прелив: една лаж. бело вино измешајте со 1 лаж. мед.

Секоја јаболка посипете ја со цимет и на секоја од нив ставете парче маргарин. Така подготвените јаболки испечете ги во рерна на 180 степени, 20 мин. додека не добијат златно-жолта боја.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.