За САД и Европа ИСИС е поголем предизвик од Ал Каеда

За САД и Европа организацијата на Исламската држава во Ирак и Сирија денеска е поголем предизвик отколку што беше борбата против Ал Каеда по 11 септември или одговорот на Арапската пролет, велат хрватските аналитичари на предавањето пред студентите и припадниците на академската заедница во Бања Лука.

Исламската држава е проба за територијализација и створање на државни целини во делови на Сирија и Ирак на сунтиските муслимани. Тоа повеќе не е поединечен терор за кој се залагала Ал Каеда, туку проба да се создаде една целина за да може да се створи калифат.

На овој начин, директорот на Центарот за меѓународни студии и универзитетски професор од Загреб, Радован Вукадиновиќ, на предавањето пред студентите на Политичката академија. Тој ги објаснува случувањата во Ирак и Сирија на следниот начин:

„Тоа не е никаква држава во вистинска смисла на зборот. Тоа е едно движење кое оди нагоре, надолу, лево, кој се поместува според потребните борбени операции и кој настојува да биде флексибилен. Колку имате припадници на ИСИС? Вели дека тоа на почетокот биуле пет, па 10, па 15 илјади, веројатно вистинската бројка е некаде измеѓу бројките. Според пресметиките треба да се околу 10 илјади, што и баш не претставува некоја голема воена сила“, констатирал Вукадиновиќ.

Факт е дека ИСИС не располага со повеќе од 15 илјади борци, меѓутоа нивното брзо движење, собирање на основ на религија, пари и оружје кое го поседуваат, претставува долгорочен предизвик за САД и нивните европски сојузници, оцени Вукадиновиќ.

„ИСИС е н ешто потполно ново за меѓународните односи, нешто што тешко може да се спореди со било што. Ние и до сега имавме различни движења, народноосободителните итн, но тоа беа движења кои се бореа за своето национално ослободување, кои главно биле многу сиромашни, кои краделе оружје од непријателите. Овде се работи за богато движење, кое зад себе има религија, кои имаат една маса борци кои ја прифаќаат оваа религија и кои имаат средства со кои можат да се борат“.

Европа сеуште нема единствен став за тоа во кој вид на воена интервенција треба да му одговори на ИСИС. Но, ако ова движење се шири, Европа ќе мора да го промени својот став, оценува Вукадиновиќ.

„Ако гледате во поширок контекст, во овој момент 16 различни движења, од Мавританија до Филипните, ги поддржуваат ИСИС и сметаат дека тоа е праведна борба на муслиманскиот, исламскиот свет. Според тоа, тие се подготвени да го поддржат ИСИС на одреден начин. Некои велат дека овие големи американски бомбардирања кои беа изведени, кои потпомогнаа ИСИС да се поттисне, од една страна се добри бидејќи убија многу борци на ИСИС, но од друга страна за секој убиен борец на ИСИС донаѓаат 10 нови“.

Деканото на Универзитетот ВЕРН од Загреб, професор Влатко Цвртила, вели дека проблемот Европа го гледа како проблем со идентитетот на исламската заедница во западноевропската култура:

„Таа потреба да се создаде цврст идентитет во мултикултурно општество одведе многу млади луѓе кон радикални конфликти, односно радикалните интерпретации кои објаснуваат и образложуваат зошто таа интерпретација не се случила. А образложуваат, пред се, некакви постулати на непријателство, различности во културата, отпор кон западната култура и слично“, оценува Цвртила.

Тоа, вели тој, покажува и на големиот број на млади луѓе кои отишле да се борат на страната на милитанстите на Исламската држава од Западна Европа, кој е многу поголем оф Босна и Херцеговина и некои делови од Балканскиот регион:

„Така се создава еден расцеп кој е последица на одредени случувања во еден друг дел на светот, а најмногу штета ќе имаат европските општества кои со својот модел на мултикултурализам, за жал, не успеаа“, нагласува Цвртила.

Ова започна како верска војна меѓу шиитите и сунитите, меѓутоа, по воените интервенции на западните земји овие конфликти можат да се прошират, е мислењето на професорот Цвртила.

„Како одговор на здружената коалиција, ИСИС одговори со убиства пред камерите на заробени новинари и хуманитарци и засега на тоа се задржаа. Меѓутоа, тие јасно упатуваат закани преку кои може да се очекува и ширење на нивното политичко насилство надвор од територијата на Сирија и Ирак. Може да се претпостави дека тоа е просторот на Европа, односно државите од кои заминаа борците. Но, тоа не е нешто неочекувано, бидејќи Ал Каеда имаше ист модел на операции и се користи на истиот начин“, додава Цвртила.

„ИСИС е еболата на 21 век, ирационален противник кој се заснова на верски фанатизам и омраза кон прогресот на дравите во кои неговите челнови не го понашле своето место. Затоа , за него мора да се пронајде заеднички одговор за да се сочуваат темелите на модерниот свет кој е сега на удар“, смета Вукадиновиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.