среда, 14 декември 2016  |  Вести денес: 17

За само две минути направете сами висока пунџа (ВИДЕО)

За да направите свечена фризура не морате да давате премногу пари за фризер. Ако имате долга коса или пак коса со средна должина можете самите да направите висока пунџа и тоа за само две минути.

visoka-pundza-1-650x396

Поврзани вести

Заштедете пари за фризер и самите направете ја оваа ефектна фризура.

За да направите свечена фризура не морате да давате премногу пари за фризер. Ако имате долга коса или пак коса со средна должина можете самите да направите висока пунџа и тоа за само две минути.

Освен што ќе изгледате посебно, визуелно ќе додадете должина, па така оваа фризура е идеална за пониските дами.

  1. Почнете така што косата ќе ја врзете во високо коњско опавче, а потоа врз него нанесете спреј за коса.
  2. На опавчето ставете уште еден стегач на неколку сантиметри под првиот стегач и разделете ја косата со прстите.
  3. За косата да ви изгледа пополно немојте премногу да ја затегате и обрнете внимание да не ви паднат прамени.
  4. Делот од опавчето што сте го протнале поделете го на половина, обвиткајте го околу стегачот и прицврстете го со шноли. На крајот со раце обликувајте ја косата помеѓу двата стегачи и зацврстете ја со спреј.

За подетлано упатство погледнете го видеото:

Најчитани вести