За самоубиствениот напад во Истанбул осомничени десет Сиријци

Турскиот суд го продолжи притворот за 10 Сиријци, осомничени за самоубиствениот напад во Истанбул во вторникот, при што загинаа 10 германски туристи, јавува МИА.

Во текот на вчерашниот ден вкупно 17 државјани на Сирија беа изведени пред суд во Истанбул под сомнение дека се поврзани со напаѓачот. Шестмина од нив беа ослободени со кауција.

Турските власти соопштија дека извршителот на нападот бил сириски државјанина поврзан со Исламска држава.

Ниту една група досега не презеде одговорност за нападот.