За седум дена на „Ало докторе“ се јавиле 1.218 лица

Вкупно 1.218 повици се регистрирани на телефонската линија „Ало докторе“ во текот на изминатата недела.

Од септември 2014. откако започна да работи телефонската линија 02/15 123 до вчера имало вкупно 84.109 повици.

Линијата е достапна секој ден  24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.

Дваесет и пет доктори  вкупно се достапни за медицински совет. Повиците се од граѓани од сите градови на Македонија.

Јавувањата  се  за широк спектар на најразлична симптоматологија , најчесто за покачен крвен притисок, главоболки, сезонски настинки,  симптомна болка, покачена телесна температура и совети поврзани со хронични болести.

На сите оние лица кои побараа медицински совет им е дадена   здравствена  помош  со  совет и соодветна симптоматска  терапија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.