Спорт

За секој постигнат ас, Мареј ќе донира по 50 фунти за бегалците

За секој постигнат ас, Мареј ќе донира по 50 фунти за бегалците
За секој постигнат ас до крајот на годината, Енди Мареј ќе донира по 50 фунти за бегалците

Мареј за “Би Би Си” изјавил дека тажните лица на бегалците го натерале да започне и тој со помош за несреќните луѓе. Тој ќе донира по 50 фунти за секој постигнат ас до крајот на годината.

Ги гледав снимките на ТВ и навистина ми падна жал. Почувствував дека морам да направам нешто, затоа решив да донирам, изјави Мареј.