Македонија,Крими хроника

„За секунда си убиец! Жал ми е!“ ова е последната објава на возачот на Фордот на Фејсбук

„За секунда си убиец! Жал ми е!“ ова е последната објава на возачот на Фордот на Фејсбук

„Секундата е сѐ и менува многу, за секунда си приказна, за секунда си убиец! Жал ми е!“

Овие зборови на својот Фејсбук профил вчера околу 19 часот ги напишал Рајко Радојковиќ (21) од Ниш , возачот на фордот кој е осомничен дека поради непрописно претекнување кај Демир Капија предизвика сообраќајна несреќа во двајца загинаа, меѓу кои и осуммесечно бебе, а уште петмина се повредени, пишува „Република“.

Ова бил неговиот последен коментар на фејсбук затоа што утрово околу 10 часот го деактивирал профилот.