За шест години над 38.000 лица се откажале од косовското државјанство

државјанство

Податокот се однесува на периодот 2009 до јанари 2017 година. Откако ќе се откажат од косовското државјанство тие најчесто стануваат „Германци и Австријци“.

Наспроти оние кои се откажале од косовското државјанство, во исто време, него го примиле 1.412 Косовци, Турци, како и лица државјани на друга земја, каде се дозволува двојно државјанство.

Познатиот аналитичар Рамуш Тахири оценува дека постојаниот раст на граѓаните на Косово, кои се откажуваат од државјанството е поради социјалните околности, бидејќи,како што вели, луѓето немаат бенефит од ова државјанство.

– Тешката економска состојба и немањето перспектива во Косово и благосостојбата која ја добиваат во некоја западно европска земја, се главните причини кои ги условуваат Косовците да ја напуштат земјата. Просечните месечни приходи во Косово се 350 евра додека во западно европските земји најнискиот просек изнеува 1.500 евра, наведуваат соцолозите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.