За шест месеци девет терористички напади во Турција

Во тројниот напад на меѓународниот аеродром „Ататурк“ во Истанбул убиени се 36 лица, а повредени се речиси 150.

Тројцата бомбаши самоубијци прво отбвориле оган, а потоа се саморазнеле на влезот на аеродромот. Меѓу убиените најголем број се турски државјани, но има и странци. Засега нема податоци за чии државјани се работи.

Иако постојат докази дека зад нападите стои Исламска Држава, сеуште ниту една терористичка група не презела одговорност за крвавите напади што се случија нешто пред 21 часот. Нападот меѓутоа носи обележја што претходно ги изведе ИД и мошне наликува на нападот во Брисел од март годинава.

Нападот на третиот најпрометен аеродром во Европа е еден од најсмртоносните во серијата самоубиствени напади во Турција.

Хронологија на терористичките напади во Турција во првата половина од годинава:

На 8-ми јуни во експлозија на автомобил-бомба во близина на полициска станица во градот Мидјат на југоистокот на земјата убиени се 11 лица, меѓу кои и шестмина полицајци. Радикалната група блиска со бунтовниците на Курдската работничка партија ПКК, Курдистански соколи на слободата (ТАК) ја презема одговорноста за нападот.

Eксплозија во Истанбул, најмалку четири лица повредени
Eксплозија во Истанбул, најмалку четири лица повредени

Само еден ден пред тоа, на 7-ми јуни во експлозија на автомобил бомба во центарот на Истанбул беа убиени 11 лица, а ранети најмалку 36. Од 11-те убиени лица најмалку 7 беа полицајци.

Кога наишол полициски автобус, експлодира бомба скриена во еден паркиран автомобил, која беше активирана со далечински управувач. Се се одиграло спроти хотелот што е еден од омилените на туристите што престојуваат во Истанбул.

На 31-ви март…