За шест месеци девет терористички напади во Турција

На 31-ви март во напад со автомобил бомба во Дијабекир беа убиени 6 полицајци и 23 други лица, а 23 беа ранети – од нив најмалку 8 беа полицајци.

Силна експлозија одекна на патот, на неколку километри од центарот на градот додека полициски автобус поминувал оттаму. Нападот беше изведен за време на ретката посета на премиерот Ахмет Давутоглу кој требало да се сретне со жителите на Дијарбекир.

На 19-ти март во самоубиствен напад во големата трговска и туристичка четврт во центарот на Истанбул животот го загубиле најмалку пет лица, а десетици се ранети, меѓу кои и 12 странски државјани.

Експлозијата се случила во улицата Истиклал, три километри долгата пешачка зона која во деновите на викендот ја посетуваат 3 милиони луѓе. Таа е полна со продавници, ресторани, кино сали, уметнички галерии, кафулиња и пабови. Напаѓачот во Истанбул планирал напад на локација каде имало повеќе луѓе и тоа во друго време, но во тоа го спречила полицијата па „од страв“ веднаш го детонирал експлозивот. За нападот најверојатно е одговорен ПКК.

На 13-ти март во експлозија на автомобил бомба во Анкара убиени се 37 лица, а над 100 беа повредени.

Експлозијата се случила кај паркот Ѓувенпарк во дел од градот Кизилај, а според изјавите на очевидците изгореле повеќе автомобили. Очевидците јавуваа дека освен експлозијата се слушнале и истрели од огнено оружје. Чадот што се ширеше низ градот беше видлив и на 2,5 километри оддалеченост од местото на експлозијата.

Одговорноста за нападот ја преземаа припадници на ПКК.

На 17-ти февруари…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.