За шест месеци девет терористички напади во Турција

На 17-ти февруари во експлозија на автомобил бомба во Анкара загинаа 28 лица, а над 60 беа повредени.

Возилото експлодира во моментот кога покрај него поминале воени автобуси. По експлозијата избувнал пожар што се проширил на неколку околни возила. Турција потврди дека мета биле воените офицери.

Нападот го извел Курдот Салих Неџар роден 1992-ра година, припадник на Народната заштитна единица.

bomba-istanbul-5

На 14-ти јануари во експлозија на автомобил бомба во близина на полициската станица во Дијабекир, загинаа најмалку 6 лица,а над 30 беа повредени.

Меѓу загинатите имаше и едно 5-месечно бебе и уште две деца на возраст од 4 до 12 години. Локалните власти за нападот ја обвинија забранетата ПКК.

Два дена претходно, на 12-ти јануари во централниот плоштад Султанахмет во Истанбул загинаа најмалку 10 лица, од кои петмина беа германски туристи.

Плоштадот Султанахмет е еден од најпосетените туристички делови на Истанбул затоа што во близина се наоѓаат Аја Софија и сината Џамија. Нападот го изведе 28-годишен Сириец, поврзан со ИД.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.