Македонија,Крими хроника

За шест месеци 87 лица загинале во сообраќајка

За шест месеци 87 лица загинале во сообраќајка

Осумдесет и седум лица загинале во сообраќајни несреќи на патиштата низ земјава во првото полугодие од годинава, додека 2.962 лица завршиле со потешки или полесни телесни повреди.

Во изминатиот период се случиле вкупно 1.894 сообраќајки со потешки последици, односно незгоди со загинати или повредени лица, како и несреќи во кои е причинета поголема материјална штета.

Најголемиот дел, 44 отсто од вкупниот број на несреќите се случиле на подрачјето на Скопје,  односно 758 незгоди, потоа следи Битола со 184, Тетово со 158 незгоди, Штип и Куманово со 134, Велес 128 незгоди, на подрачјето на Струмица се случиле 112 несреќи, а најмалку сообраќајки се регистрирани на во Охрид – 108.

Најмногу сообраќајки со најтешки последици се случиле во главниот град – 1.756, за разлика од Тетово – 379, Битола – 323, Куманово – 335, Велес – 297 и Струмица – 269.

Во текот на 2013 – та година вкупно се случиле 10.831 сообраќајни несреќи, од кои 4.111 завршиле со потешки последици (132 лица загинале, а 6.149 биле повредени), додека во 6.720 незгоди била причинета само помала материјална штета.