За шест месеци Косово го напуштиле 150.000 луѓе

Од август, кога почна егзодусот од Косово, па до декември минатата година, се проценува дека од земјата заминале 100.000 луѓе, а од почетокот на годината уште околу 50.000, иако тоа никој официјално не го кажува, објави денеска приштинскиот дневен весник „Бота Сот“, пишува МИА.

Весникот истакнува дека ако се претпостави дека лани најмалку 100.000 луѓе заминале од Косово тоа значи дека шест проценти од населението ја напуштило земјата за неколку месеци. Според податоци на косовскиот Институт за статистика, во Косово живеат 1,8 милони луѓе.

Косовскиот експерт за демографија проф. Рифат Блаку наведува дека егзодусот на населението може да биде „фатална експлозија“ за Косово и оти иселувањето создава демографски трауми

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.