Магазин

За што е пивото корисно?

За што е пивото корисно?

Според најновото истражување, спроведено во Вашингтон, покажува дека пивото ве штити од Алцхајмерова болест, ви помага при губењето на килограмите и го намалува ризикот од срцеви болести.

Во прилог на ова зборуваат и резултатите од истражувањата на италијанскиот експерт од 2011 година, кој открил дека лицата кои „умерено конзумираат пиво“, односно 42 отсто од нив имаат помали шанси да заболат од срцева болест.

Исто така, според пишувањето на магазинот „Men”s Health”, едно шише пиво денвно или половина литар може да го намали ризикот од појавување на камен во бубрегот дури за 40 отсто.

Испитувачите откриле дека силициумот кој се наоѓа во пивото го намалува внесот на алуминиум во системот за варење и тоа го успорува трупањето на метали во организмот и мозокот, што го птави овој пијалок добар борец против Алцхајмеровата болест.

Што се однесува на „пивскиот стомак“, научниците велат дека нема докази дека пивото здебелува, напротив тие тврдат дека помага за губење на килограмите.

„Конзумирањето на пиво ја подобрува работата на жолчката, што помага за топење на масната храна. Содржи многу влакна, а со конзумирањето на по две чаши пиво дневно можете да си осигурате внес од 10 до 30 отсо од препорачаната доза која овозможува личноста подолго време да се чувствув сита“, вели доктор Стивен Домениг, управник на Медицинскиот центар во Австралија.

Меѓутоа и покрај доказите за здравствените предности на пивото. Националниот здравствен центар предупредува дека редовното и големоколичинско конзумирање на пиво може да го зголеми ризикот од појава на рак на грлото, рак на дојката кај жените, мозочен удар, висок крвен притисок, болест на црниот дроб, панкреасот, како и на намалување на плодноста.