За што служи малиот џеб на фармерките?

Скоро сите панталони имаат мал преден џеб, но ретко кој од нас знае која е неговата вистинска функција.

Кај поголемиот број фармерки во предниот џеб има уште еден помал, а дали знаете за што служи?

Кога Леви Штраус почнал да произведува фармерки, на почетокот не го ставал малиот џеб што денес можеме да го видиме речиси на сите модели пантолони.

Меѓутоа кон крајот на 19-ти век во Америка, во времето на „златната треска“ голем број луѓе носеле џебни часовници коишто најчесто паѓале или се оштетувале.

Штраус одлучил да превземе нешто околу тоа, па затоа во големиот преден џеб одлучил да направи и еден помал за луѓето во него да можат да ги стават џебните часовници, а да не ги оштетат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.