Секс

За што жалат мажите, а за што жените во сексот

За што жалат мажите, а за што жените во сексот
Според истражувањето кое е објавено во магазинот „Archives of Sexual Behavior“, жените најмногу жалат поради губење на невиност со погрешна личност, а мажите пак од друга страна би сакале да биле поактивни. Истражувачите од Универзитетот Тексас од Остин бараа од испитаниците да наведат листа на работи поради кои најмногу жалат и тоа од својот сексуален живот.
За жените, топ три одговори биле губење на невиноста со погрешно лице, неверство и пребрзо впуштање во сексуални односи. Мажите пак од друга страна, имаат потполно различни одговори.Тие, според студијата, најмногу жалат за она што не го направиле.
Кај мажите, три топ одговори се срамежливост поради тоа што не отишле чекор понатаму, тоа што не експериментирале како млади и што не биле склони на сексуални авантури кога биле сами.