За Сидорф, Балотели е само голем талент

Новиот предводник на седумкратниот европски клупски шампион, Милан, Кларенс Сидорф, јавно го пофали најконтроверзниот фудбалер на денешницата, Марио Балотели но додаде дека во грешка се сите тие кои веќе сметаат дека репрезентативецот на Италија е роден шампион.

„Марио е голем талент и може да експлодира во секој момент. Порано или подцна Марио ќе биде шампион, ќе биде дефиниран како роден шампион, но има време за тоа. Марио сега не е шампион, сега е само голем талент. Знам дека ќе успее во неговата професионална кариера, знам дека ќе биде дефиниран како еден од најдобрите фудбалери на денешницата. Приметив дека има таква желба и дека нема да се предаде. Солзите во Неапол се само излив на емоција, покажа дека е човек”, изјави Сидорф.