За Шилегов народот е будала

Портпаролот на опозициската СДСМ, Петре Шилегов на својот профил на Фејсбук упати индиректна навреда до македонските граѓани велејќи дека се будали. За Шилегов народот е будала.

sile

Мојот професор Марјановиќ, своевремено велеше: на будалите отпосле им текнува, напиша Шилегов.

 Шилегов се исмејуваше со полицајците кои ја бранеа Македонија

sile1Ова за Шилегов не е прв пат да упатува тешки навреди кон народот од кој неговата партија ја бара довербата. За време на случувањата во Куманово на 9-ти мај, Шилегов се исмеваше со полицајците кои ја бранеа државата.

Шилегов во битката за политички поен покажа големо непочитување кон полицајците кои застанаа во одбрана на Македонија и ги ризикуваа сопствените животи.

Како мал не му давале да си игра ‪#‎камај, па сега мора тоа да го изживее. Не знам дали му кажале, дека во #камај имаше и еден термин кога ќе те фатат. Тогаш на фатениот му се се викаше ‪#‎жив…, напиша портпаролот на најголемата опозициска партија која претендира да дојде на власт, пренесува Денешен.мк

СДСМ традиционално со навреди кон народот

Пред неколку месеци навреди кон народот упатија и Стево Пендаровски и Љубомир Фрчкоски.

Стево Пендаровски пред од пред Владата на РМ изјави дека „Таму се собрани во бачило“ мислејќи на над 90 илјади народ кој се собра пред Собранието на големиот народен собир на кој се обрати премиерот Никола Груевски. Со ова кажа Пендаровски дека всушност народот кој се насобрал од цела државата под мотото Македонија силна, се овци.

На ваквите навреди се надоврза и Фрчковски кој во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија иронично и со потсмев кажа “ова ли е елитата” мислејќи на огромната бројка на луѓе кои се насобра пред Собранието. Поради таквото дрско потценување мораше да реагира водителот и новинар Чомовски кој кажа дека тоа е навреда.

 

 

Имено, СДСМ е најголемата опозициска партија која се стреми да дојде на власт.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.