За сите оние кои своите оброци ги објавуваат на Фејсбук (ВИДЕО)

Икеа одлучи да испрати порака до сите оние кои пред јадење имаат потреба да ја фотографираат својата чинија и фотографијата да ја објават на социјалните мрежи.

Духовитата кампања се нарекува „Let’s relax” и прикажува семејна вечера во 18. век.  Аристократско семејство се подготвува да вечера, а таткото, главата на семејството, повикува сликар кој треба да наслика се’ што се наоѓа на трпезата. Потоа сликарот треба да отиде во селото и да им ја покаже на граѓаните сликата која мора да ја одобрат, односно да покажат дека им се допаѓа, еквивалент на денешното „лајк“.

Преку кампањата Икеа ги повикува луѓето да се опуштат, бидејќи како што вели завршната реченица „ Тоа е само храна. Не е натпревар“.