За што фантазираат хороскопските знаци?

Хороскопските знаци може од поблиску да ве одредат како личност и да претпостават кои се вашите скриени желби.

Овен
Овенот фантазира за патување на најодалеченото и сè уште неоткриено место на планетата на кое уште никој не стапнал. Ако некој прв стапне на такво место, тоа ќе биде Овенот, дури и ако поради тоа сто пати ја прави истата грешка и со главата удира во ѕид. Тврдоглавиот Овен сака во сè да биде прв и најдобар и главно на тоа се сведуваат неговите фантазии.

Бик
Овој хороскопски знак секогаш фантазира за пари, бидејќи на Бикот никогаш не му се доста. Тој сонува за голема семејна куќа со убав двор по која трчкаат неговите деца и кучето. Во оваа фантазија се подразбира дека Бикот ќе седи во удобен стол и ќе ги набљудува додека се мези и пие пиво. Бидејќи е флегма, ни бомба не би успеала да ја прекине оваа фантазија.

Близнаци
Близнаците фантазираат дека се наоѓаат на сто места во исто време и дека можат да изградат цела куќа за два дена. Близнакот фантазира и за удобен тросед од кој го гледа својот омилен филм, телефонира, завршува важна работа преку лап топ кој му е во скутот и пие егзотичен коктел кој го подготвил за само три минути.

Рак
Овој хороскопски знак фантазира за возбудлив и интересен живот. Како многу практични и домашни типови, Раковите во својата мечта се препуштаат на возење со брз автомобил, патување во прекуокеански земји и авантури за една ноќ. Сè за што здодевниот Рак не би се осмелил да го направи во реалниот живот, го прави во својата бујна фантазија.

Лав
Лавот секогаш фантазира за својот, уште поголем успех. Лавот најмногу се сака себеси, па се разбира тој е и главниот лик во своите фантазии. Но, покрај тоа што себеси се замислува како добростоечки мултимилијардер, Лавот фантазира и да го усогласи своето слободно време и да помине квалитетно време со своето семејство и малите лавовски наследници.

Девица
Овој хороскопски знак фантазира за дополнително време за завршување на работите од „суштинска важност“. Опсесивно компулсивната Девица сака за време на одморот да ја исчисти целата куќа, ако претходно и се случило да пропушти некоја дамка. Фантазира дека пополека ќе ги сортира теглите со џем, ајвар и туршија и тоа по азбучен ред.

Вага
Овој хороскопски знак фантазира за љубовта и за убавите моменти. Најчестите нивни фантазии изгледаат вака: будење со појадок во кревет кој го подготвил партнерот. Потоа следи одење во град и уште едно кафе, па ручек во ексклузивен ресторан. По завршувањето на ручекот, Вагата би сакала да прошета и да оди во шопинг, а вечерта е резервирана за тетарска престава и клуб со ВИП личности.

Скорпија
Скорпијата фантазира за страстни авантури. На Скорпијата никогаш не и е доста од перверзии, таа фантазира за тајна сексуална врска со личност од своето опкружување, од работа, или од соседството. Овие фантазии ги разработува до последен детал и обрнува внимание на целокупната атмосфера во која се одвива оваа возбудлива случка.

Стрелец
Овој хороскопски знак фантазира за патувања. Стрелецот често патува, но во фантазиите задолжително е вклучен и автомобил чија цена достигнува милионски цифри. Го замислува патувањето во егзотични далечни земји каде што запознава маж, или жена од својот живот кој/а толку ќе ги заинтересира што ќе му го задржи вниманието до крајот на животот.

Јарец
Овој хороскопски знак фантазира за непристапни предели во кои себеси се гледаат како истражувачи, или водачи на планински клуб. Организираниот и практичен Јарец ваквите работи ги доживува како сензација, бидејќи тој најмногу од сè сака да биде водач. Поради неговата строга дисциплина и работа, себеси се гледа и како генерал и војсководач на кралска чета.

Водолија
Водолиите фантазираат за купување на најнов модел на мобилен телефон од “X Y” – генерација кој е виден само во холивудските филмови. Водолијата сака да одвои цел ден за поправка на својот стар автомобил, а потоа да отиде со приајтелите на пијалак, па во ноќен провод. Бидејќи смета дека енајпаметна и дека е истражувач на векот, таа фантазира да стане новиот Кристофер Колумбо.

Риби
Овој хороскопски знак фантазира да се излежува и да има многу слободно време. Рибата замислува да се сонча и излежува на Азурниот брег додека згоден бармен, или келнерка им носат коктели. Бидејќи е најголемиот мрзливец во Зодијакот, најголема мечта им е до крајот на животот да не работат ништо, а парите да им паѓаат од небо.