За тоа дали некој ќе одговара за изборни нерегуларности надлежно е МВР, а не Уставниот суд

Двајца адвокати од Штип го оштетиле МВР со лажни побарувања

За тоа дали некој ќе одговара за изборни нерегуларности и дали ќе има санкции кон некого не е надлежен Уставниот суд, туку надлежно е МВР, кое е под контрола на СДСМ.

Дури Уставниот суд на РМ и да донесе одлука за укинување на забраната, тоа не значи дека судовите во државата нема да судат и да осудуваат за изборни нерегуларности, за педофилија, за злосторства против човештвото итн. Судот и натаму ќе ги суди сите лица што го повредиле Кривичниот законик, а сторителите и натаму ќе ги издржуваат затворските казни пропишани во законот, а одредени од страна на судовите. Ако се случи Уставниот суд сепак да донесе одлука за укинување на забраната, тоа не мора да значи дека претседателот на РМ веднаш ќе ги помилува сторителите на овие кривични дела. Оваа партиска теза е класично извртување на случајот за предизборни интереси на СДСМ, вели универзитетската професорка Тања Каракамишева- Јовановска во изјава за „Курир“.

Останува отворено прашањето како МВР сега стана професионално, демократско и непартиско кога генералниот  секретар на СДСМ е министер. Очигледно, за СДСМ се’ што е под нивна контрола е демократско, а се што размислува спротивно од нив е лошо и недемократско.

Со ова практично излегува на површина целата иронија на залагањето на СДСМ за принципот на одделување на партијата од државата. Суштината на нивното залагање е како да го тргнат ВМРО-ДПМНЕ, за да може да се инсталира СДСМ со нивните соросоидни полуги во институциите на системот одозгора, на сила, без изборен легитимитет. Сите досегашни акции на СДСМ можат да се оценат како вид државен удар, удар кој во теоријата е познат како „дворска револуција“ која СДСМ ја задскрива зад наводната борба за демократија, вели Каракамишева- Јовановска.