За Трамп крајот на иранскиот нуклеарен договор е „реална можност“.

Американскиот претседател Доналд Трамп оцени во понеделникот дека завршувањето на договорот за иранската нуклеарна програма е „реална моќност“, три дена откако објави дека нема да потврди дека Техеран ги спроведува своите обврски од спогодбата со шесте светски сили.

„Можен е целосен крај на договорот, тоа е реална можност…. Ќе видиме што ќе се случи“, изјави во Белата куќа во присуство на членови ја неговата администрација американскиот претседател Доналд Трамп додавајќи дека новата фаза којашто започнува би можела да биде „многу позитивна“.

Споменувајќи ги иранските функционери, Трамп оцени дека се „извонредни преговарачи“. „Преговара за договорот кој за нив е одличен, но за САД е страшен“, додаде зборувајќи за договорот со кој Иран треба да се спречи во збогатувањето ураниум до ниво од кое може да се дојде до нуклеарно оружје, во замена за постепеното укинување на децениските санкции.

Одбивањето на Трамп да го потврди договорот пред Конгресот, на што со закон е обврзан да го прави секои 90 дена, започнува период на голема несигурност, а на Конгресот му се даваат 60 дена за повторно воведување или одбивање на големите економски санкции за Иран кои ги симна во 2016 година, според текстот до спогодбата.

Кусо во изјавата на Трамп, иранскиот претседател Хасан Роухани ги осуди „навредите“ и „неоснованите обвинувања“ коишто му ги упати американскиот претседател.