За три дена Британија ќе одлучи дали ќе остане во ЕУ

Британците во четврток, на 23 јуни 2016 година ќе одлучат за судбината на својата држава. Според неодамнешната анкета, се поголем број на луѓе велат дека Британија треба да излезе од ЕУ (47%), во однос на оние кои радо би останале во склоп на Унијата (44%).

Аналитичарите предупредуваат дека гласањето за излез од ЕУ може сериозно да ги загрози изгледите за раст на Велика Британија и може да доведе до девалвација на фунтата и до 30%.
Меѓутоа, доколку исходот од референдумот покаже дека Велика Британија останува во ЕУ, тогаш би можело да дојде до момент каде фунтата би скокнала во однос на еврото и доларот на ниво кое е невидено од крајот на претходната година.

Без оглед на исходот од референдумот, едно е сигурно – фунтата со сигурност ке реагира.