За три месеци 20.000 се иселиле од државата

Премиерот Зоран Заев во неговата програма „План за живот во Македонија“, гордо најавуваше дека ќе ги врател младите кои се  иселиле од државата назад во Македонија, но, како и што е случајот со најголемиот дел од неговите ветување и ова е далеку од исполнување. Така барем покажуваат моменталните податоци и бројот на младите кои се иселиле од државата во последните три месеци, откако на власт е СДСМ.

Според податоците во минативе три месеци, период во кој на власт е СДСМ од Република Македонија се иселиле 20.000 млади лица. Експертите велат дека со моменталните политики на новата власт нивниот број само ќе расте, бидејќи не гледаат начин како младите би се мотивирале да останат во државата.

Пред скоро една година Шеќеринска гордо се фалеше дека тие имале план како да ги задржат младите во Македонија, планот кој очигледно е само еден од многуте неуспешни планови и лаги на СДСМ.

Имаме план како младите да останат тука во Македонија, тука да формираат семејство, тука да најдат работа, тука да ја градат својата иднина. ВМРО-ДПМНЕ и Груевски имаа десет години да го сторат тоа. Да понудат пристоен живот и еднaкви шанси за сите, но тоа не го сторија. Тие сметаат дека најважно од сѐ е да ги полнат своите џебови и сметки низ рајските острови, изјави лани во ноември Шекеринска.

Се’ повеќе луѓе сфаќаат дека е факт дека најголемиот дел од популацијата на Земјата е контролирана од 1 процент од луѓе кои се наоѓаат на врвот, но многумина не знаат ништо за нивната банкарска фирма во која се кријат, изјави Заев во октомври 2015 година.

СДСМ пред изборите им ветуваше брда и долини на младите и студентите, а веднаш откако дојде на власт заборави на се’ она што го излажа пред изборите и им го сврте грбот на младите.  СДСМ не даде поддршка на Законот за издавање на вредносни бонови-ваучери, а со тоа ги спречи студентите да добијат 18.600 денари за набавка на компјутери, кој беше само еден од многу проекти на Владата на ВМРО-ДПМНЕ за младите.

Младите добија многу поволности од претходната влст, како што се бесплатен автобуски и железнички превоз за студентите и средношколците, бесплатна посета на театри, на музеи, како и на многу други културни настани. Еден од најголемите проекти за младите беше и ослободувањето на фирмите од плаќање придонеси за лица до 29 години, со што младите многу полесно доѓаа до работно место.

Заменикот на Зоран Заев во партијата и сега министер за одбрана во Владата на СДСМ, Радмила Шеќеринска, лажно ветуваше и младинска гаранција за граѓаните, која младите се’ уште ја чекаат, но новата власт заборави на ова веднаш откако седнаа во фотелјите.

Проектот гаранција за млади ќе значи дека државата ќе им гарантира на сите млади граѓани во Македонија, дека веднаш во завршувањето на образованието, во рок од 4 месеци или ќе може да го продолжи образованието, или ќе добие понуда за работа, или да добие можност за практика, обука или тренинг, со кои што ќе се прилагоди на потребите на некое работно место кое што е на располагање, пред изборите лажно ветуваше Шеќеринска.

СДС ветија проект дека по завршувањето на образованието секој млад човек од државата ќе биде вработен, ќе има шанса да го продолжи образованието или пак да оди на дообучување. Поминаа повеќе од 100 дена, ништо од ова, изјави на прес конференција Филип Ѓеорѓиев од ВМРО ДПМНЕ.

Овој проект насловен како младинска гаранција, се изгуби во приоритетните вработувања на луѓето од Шарената револуција. Наместо вработување на секој млад човек или шанса за дообразување и дообучување, младите имаа можност да видат дека сето тоа е лага и наместо нив се вработија твитерџии блиски до СДС, членови на Шарена Револуција, членови на Сорос. Стефан Богоев, Ивана Туфегџиќ, Зоран Заев најмногу им ветуваа на младите пред изборите. Односно, најмногу ги лажеа младите и ги извисија, истакна Ѓорѓиев.