среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 33

За три месеци најавени 16 инвестиции кои ќе вработат над 6.200 лица

Продолжува инвестицискиот бум во Македонија. Само во изминативе три месеци има нови 16 странски инвестиции, пишува „Курир“.

investiciski bran

Поврзани вести

Продолжува инвестицискиот бум во Македонија. Само во изминативе три месеци има нови 16 странски инвестиции, пишува „Курир“.

Порталот потсетува дека досега официјално беа најавени 13 нови, а се очекува уште три инвеститори да влезат во земјава.

Компаниите БРГ, Џерман Електро Мехатроник, Џонсон Контролс и Ван Хул веќе потпишаа договор за реализирање на инвестициите. Технохозе, Икс Трејд,  фабрика за Чипс Кравари и Ки Сејфти Систем во Кичево веќе започнаа и со работа. Две компании започнаа со градба на своите фабрики, а тоа се Акомпласт Прилеп и Мач Груп.

Кеслер, Ес те Ес Текстајл и Амфенол веќе најавија дека донеле одлука за инвестирања. За во блиска иднина се најавени уште три.

Со реализација на 16 странски инвестиции ќе се вработат над 6.200 лица

Со полна реализација на овие 16 инвестиции, ќе бидат вработени над 6.200 лица, а компаниите ќе инвестираат над 100 милиони евра.

БРГ ја купи „Порцеланка“ во Велес. Договорот е веќе потпишан и најавени се 1.000 вработувања. Станува збор за инвестиција вредна околу 31 милион евра. Џерман електро мехаторник систем, потпиша договор за Бунарџик. Ќе инвестира 15 милиони евра и ќе вработи 200 лица.

БРГ ја купи „Порцеланка“ во Велес.

БРГ ја купи „Порцеланка“ во Велес.

Три милиони евра во земјава ќе вложи Акомпласт во Прилеп и ќе вработи 150 лица. Инс трејд се занимава со онлајн тргување и од Македонија ќе вработи 100 лица.

Потпишан е нов договор со Џонсон Контролс кој  ќе инвестира 20 милиони евра во ТИРЗ Струмица, а најави 1500 вработувања. И со Ван Хул е потпишан уште еден договор за 400 работни места. Кеслер официјално објави дека ќе инвестира во земјава и дека засега ќе вработи 60.

По 100 лица ќе вработат и во втората фабрика на Технохозе и во фабриката за чипс во Кравари.

Фабрика за чипс во Кравари - нова браунд филд инвестиција

Фабрика за чипс во Кравари – нова браунд филд инвестиција

Германската компанија Ес-Те-Ес Текстајлс влезе во Демир Хисар. Вложи 4 милиони евра, за почеток ќе вработи 150 лица, а има план за вкупно 1000. Во третата фабрика на Амфенол ќе бидат веднаш вработени 550, а вкупно нивниот број на вработени понатаму ќе стигне до 1300.

Петнаесет милиони евра во Кичево вложува Ки сејфти системс и најавува дека ќе отвори 1000 работни места.

Во Илинден инвестира Мач Груп од Турција. 10 милиони евра за 100 нови работни места.

Груевски најави уште три нови инвестиции

Три нови странски инвестиции најави неодамна лидерот на владејачката партија Груевски. Една од нив е од постоечки инвеститор во автомобилската индустрија која ќе отвори втор капацитет во земјава.

Груевски во гостувањето на ТВ Сител најави уште три нови инвестиции

Груевски во гостувањето на ТВ Сител најави уште три нови инвестиции

Се работи за голема компанија која веќе инвестираше во Македонија. Таа донесе интерна одлука, очекуваме да се објави на крајот на април или во мај за втор капациетет во Македонија. Во почеток, во првите две до три години, тој ќе отвори нови 400 работни места. Подоцна може да оди со 800, 900, па дури и со 1.000 работни места, рече Груевски во гостувањето на ТВ Сител.

Втората инвестиција треба да се реализира во просториите на ЕМО и за неа има интерес од најмалку три компании од различни индустрии и од различни држави.

Во длабоки преговори сме со нив и се надевам дека во наредните неколку месеци ќе дојде до реализација на инвестиција во просториите на ЕМО. Исто така, има една софтвреска компанија која е пред објавување на својата одлука за инвестирање во Македонија за создавање софтвери, за почеток 200 вработувања, главно, на ИТ-инженери, а подоцна можеби и дуплирање или повеќе на својот капацитет. Има и многу други, но се додека тие самите не објават, ние тоа не го правиме, додаде Груевски.

Најчитани вести