Свет

ЕУ со поддршка за реформите на светската организација За Туск планот за реформи на ОН е нужен минимум

За Туск планот за реформи на ОН е нужен минимум

Планот за реформи на Обединетите нации каков што сега е на масата е минимумот којшто е потребен, изјави во средата пред Генералното собрание на светската организација претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

Обединетите нации се „најдобрата алатка“, како што рече претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, за речавање на судирите и проблемите на глобално ниво и кажа дека за Европската унија е клучно ОН да бидат способни да одговорат на тие предизвици.

И актуелниот генерален секретар на ОН, Антонио Гутереш, се залага за реформирање на светската организација и за промени.

„ЕУ смета дека идеите за реформи во ОН коишто во моментов се на масата се неопходниот минимум. Она што е потребно е повеќе амбиции, не помалку“, рече Туск.

Ги коментираше, исто така, и санкциите на Советот за безбедност при ОН кон Северна Кореја донесени на 11-ти септември како „вистински знак дека капацитете за водство и единство постојат“.

„Но тоа се уште е премалку“, додаде челникот на Европскиот совет.

„На ниедна земја не би смеело да ѝ се дозволи да го поткопа глобалниот режим на неширење на оружјето или да им се заканува на земјите кои се доследни на мирот“, истакна Туск.