За успех во животот ви е потребна само една особина

Ако тежнеете за успех во животот, било на професионален или приватен план, доволно е да поседувате само една особина – совесност. Доколку веќе ја имате, тогаш само потрудете се и избрусете ја до крај.

Со совесноста психолозите не поврзале ниту една негативна лична карактеристика, додека позитивните особини кои ги опфаќа се организираност, посветенот, уредност и систематичност.

Со други зборови, да се биде совесен значи да се биде темелен и внимателен, а истовремено да се вклучува и желбата за завршување на задачите.

Ова е се манифестира низ веќе споменатите карактеристики, а подразбира дисциплина, внимателност, промисленост, способност за организирање и амбиција.

Психолозите велат дека баш кај совесните луѓе најдобро може да се предвиде деловниот успех. Но, не се работи само за работата – децата кои се совесни имаат подобри оцени на училиште и фаултет, помалку се иновативни кога е криминалот во прашање и подолго се во брак. Освен тоа, живеат подолго, имаат понизок крвен притисок и помала веројатност да се разболат од Алцхајмерова болест.