Македонија

За утре очекувајте дожд и снег, врнежливо ќе биде и за викендот

За утре очекувајте дожд и снег, врнежливо ќе биде и за викендот

Метеоролозите за утре најавуваат облачно време со повремен дожд, а на повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините само од снег.

Врнежите ќе добијат на интензитет посебно во западните делови. Во текот на утрешниот ден температурите ќе се движат од еден степен во Маврово до 10 степени во Гевгелија. Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со максимални седум степени.

Преодно стабилизирање на времето се очекува во петок, а за време на викендот повторно се очекуваат локални врнежи од дожд.