За Ван Гал, доаѓањето на Фалкао во Манчестер е одличен избор

Со доаѓањето на Радамел Фалкао од Монако во составот на Манчестер Јунајтед, изборот на менаџерот Луи ван Гал е одличен.

Како и да е, поради тоа еден врвен фудбалер ќе треба да седи на клупата за резерви.

Одличните Робин ван Перси и Вејн Руни беа изборот на холандскиот фудбалски стручњак во формацијата 3-5-2, додека од клубот се преселија Дани Велбек и Хавиер Чичарито Ернандез.

Како и да е, на „Олд Трафорд“ дојде колумбискиот фудбалски репрезентативец и ќе се обиде да биде првотимец.

Ван Перси му порача дека ќе треба да се потруди и да го заслужи местото во тимот.

„Среќен сум со доаѓањето на Фалкао. Со Колумбиецот ќе бидеме подобар состав. Најдобрите клубови се обидуваат да бидат што подобри, како и јас“, вели Холанѓанецот.

„Фалкао ќе треба да се потрди за место во тимот, како и јас што го заслужив кога дојдеов. Заедно со Руни и со Џејмс Вилсон ќе треба да се истакнеме, за доброто на Манчестер Јунајтед“, заклучи искусниот ван Перси.

Англиските медиуми тврдат дека токму Холанѓанецот ќе биде на клупата за резерви, додека Руни на три натпревари постигна еден погодок.