За Велигден ограбени две цркви во Штипско

Две цркви биле ограбени во Штип и во штипско во ноќта помеѓу понеделник и вторник.

Како што информира МВР, вчера во 11,00 часот во полициската станица во Штип било пријавено дека во временскиот период од 18,30 часот во понеделникот до 09,30 часот во вторникот, непознат сторител со употреба на сила ја отворил влезната врата на црквата „Св.Илија“ во село Аргулица-Штип, влегол внатре и од иконите одзел околу 5.000 денари.

Увид на лице место извршила екипа од СВР-Штип.

Вчера во 20,30 часот во Полициската станица во Штип било пријавено дека ноќта помеѓу понеделникот и вторникот, непознат сторител со употреба на сила ја отворил вратата на манастирот „Света Тројца“ лоциран во населбата Баби – Штип, влегол внатре и од иконите одзел околу 1.000 денари.

Увид на лице место извршила екипа од СВР-Штип.