За велигденските празници 24-часовна здравствена заштита

Дежурната специјалистичка служба во Поликлиниката Букурешт утре ќе работи од 8 до 16 часот, а Службата за Итна медицинска помош ќе работи 24 часа.

Согласно изминатиот период на постење се препорачува граѓаните да внимааат со внес на храна од животинско потекло и консумација на алкохол пред се од здравствени причини, како и поради безбедност во сообраќајот, информираат од Здравствен дом Скопје.