За велигденските празници ГДОМ ќе паузира со граѓанските собири

Во чест на Велигденските празнувања ГДОМ од денес и во наредните неколку дена ќе паузира со граѓански собири.

-Граѓанското движење за одбрана на Македонија во изминатиот период, преку масовна подршка која ја дадоа граѓаните, стари и млади, од сите народности и вери покажаа и докажаа дека Република Македонија е над се. Благодарност до Битолчани, Велешани, Штипјани, Радовишани, Струмичани, жителите на Кочани, Виница, Свети Николе, Куманово, Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, Гевгелија, Охрид и од многу други градови кои дадоа подршка, свој придонес и излегоа на граѓанските собири. Покажавме дека Македонија е над се, јасно покажуваме дека народот си ја сака својата држава, сака надминување на кризата, а излезот е преку изборите на 5ти јуни, бидејќи нема поголема демократија и слобода од таа народот да одлучува за својата иднина и судбина. Народот цврсто и одлучно покажува дека застанува на патот на сите деструктивни сили и е против виткање на кичмата, бидејќи народот на Македонија има достоинство и си ја сака својата држава. Продолжуваме со нашата мисија, и нашите цели, но во исто време сакаме да објавиме дека во чест на Велигденските празнувања ГДОМ од денес и во наредните неколку дена ќе паузира со граѓански собири. По завршување на празниците, продолжуваме таму каде што застанавме. Секогаш сме тука за Македонија, бидејќи нашата татковина е над се, напиша Александар Пандов од ГДОМ на својот Фејсбук  профил.