За Верати, трасферот во Јуве е чекор наназад

Репрезентативецот на Италија и стандарден првотимец во дресот на актуелниот шампион на Франција, ПСЖ, Марко Верати, го навлече на себе бесот на најверните фанови на Јувентус откако без некоја посебна причина изјави дека евентуалната преселба во Торино ќе биде чекор наназад кога е во прашање неговата кариера.

“Кога бев дете, навивав за Јувентус, но сега сум многу среќен во Париз. ПСЖ го има можеби најамбициозниот проект во фудбалската историја, а ако се вратам во Италија и потпишам за Јувентус, тоа сигурно ќе биде чекор наназад кога е во прашање мојата кариера. Тука, во Париз, го имам се тоа што е потребно за да ги освојам сите можни трофеи во следните неколку години”, изјави 21-годишниот играч за врска.