За вицепремиерката со реконструкцијата ќе се исчистат лошите функционери

Реконструкцијата на Владата е одложена поради поважни прашања и се прават анализи, рече вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска во четвртокот вечерта во гостувањето во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Сакавме да се прошири Владата и да се прошири и парламентарното мнозинство, бидејќи има одреден број партии кои сакаат да влезат во Владата, разговараме на повеќе фронтови“, рече Шекеринска и оцени дека треба да има реконструкција за да се добие подобра коалиција.

Шекеринска смета дека поголема слабост на Владата се одредени функционери, отколку министрите.

„Реконструкцијата е добра шанса некои функционери да завршат во немилост. Тимот мора да продуцира постојано резултати“, посочи Шекеринска.